Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност
Македонија

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

26/04/2023

AA

Во текот на вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена во координација со Управата за финансиска полиција и Министерство за внатрешни работи на Кванташкиот пазар, констатирани се неправилности, односно биле затекнати трговци кои не воделе евиденција во трговијата согласно закон што е спротивно на член 28 став 1 од Законот за трговија, а е сторен прекршок по член 57 став 1 од истиот закон. За овие трговци изречени се глоби во вредност над 580.000 денари. Истовремено согласно член 51 став 1 точка 6 од Законот за трговија запленети се стоки од над 15 тони, соопшти денеска Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ посочуваат дека се затекнати и физички лица кои вршеле нерегестрирана дејност, односно вршеле трговија на мало, за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 30.000 денари во согласност со член 2 став 2, а казниво по член 58 став 14 од Закон за трговија и им е издадена забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.

– За оние трговци кои не го пријавиле исполнувањето на минимално техничките услови издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 18.000 денари. По Закон за метрологија издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 12.000 денари за неверифицирана вага. Имаше и трговци кои ја прекршиле Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки за што се издадени прекршочни платни налози од над 200.000 денари, се вели во соопштението на ДПИ.

Оттаму посочуваат дека издаден е и прекшочен платен налог во вредност од 120.000 денари за организаторот, мал субјект, правно лице на Кванташки пазар кој го прекршил член 14 став 2 од Законот за трговија, што е казниво по член 58 став 1 од истиот закон и за одговорното лице во правното лице е издаден платен налог во вредност од 6000 денари.

Од ДПИ информираат дека по завршувањето на акцијата, запленетите стоки, овошје и зеленчук, предадени се во Агенцијата за одземен имот, а во заеднички договор со директорот на Агенцијата, запленетите стоки биле дониравме, односно распределивме онаму каде што е најнеопходно.

– Ова е само почеток на ваквите акции, а ќе следат и поригорозни во наредниот период. Никој не е над законот, и не смее да ги заобиколува законите, ниту пак да манипулира со граѓаните, се вели во соопштението на ДПИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy