
Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка
Основниот суд во Штип изрече казна доживотен затвор за 54-годишниот Стојанче Зарков, обвинет за свирепото убиство на неговата 84-годишна мајка.
Злосторството се случи на 8 август 2025 година во нивниот семеен дом.
Според пресудата, Зарков во состојба на силна алкохолизирана состојба си ја нападнал сопствената мајка со остар предмет. Од нанесената убодна рана, жената починала на лице место.
Иако самиот го пријавил случајот преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), обвинетиот во текот на целиот судски процес не признавал вина за делото, тврдел дека не се сеќава на настанот и негирал дека тој е сторителот на убиството.
Ова трагично финале е кулминација на долгогодишно насилство. Зарков веќе имал две претходни пресуди за загрозување на сигурноста на неговите родители.
Покрај родителите, Зарков ја малтретирал и својата сопруга, која неколкупати се обидела да си го одземе животот, а на крајот починала во психијатриска болница.
Пресудата на Основниот суд во Штип се уште не е правосилна и странките имаат право на жалба до повисокиот суд.

