Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ ШТО СИ ГО УБИ БРАТОТ Судот констатира дека мотивот бил користољубие
Македонија

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ ШТО СИ ГО УБИ БРАТОТ Судот констатира дека мотивот бил користољубие

29/12/2025

AA

Основниот суд во Кавадарци изрече казна доживотен затвор за 43-годишниот С.И., откако тој ја призна вината за убиството на својот помлад брат, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Судот донел пресуда врз основа на признание на вина и го огласил С.И. за виновен за кривичното дело убиство од користољубие, по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на Обвинителството.
Според обвинението, злосторството било извршено на 27 јули годинава, на денот кога жртвата Илија Иванов го славел својот роденден. Меѓу двајцата браќа избила расправија, бидејќи обвинетиот верувал дека брат му има намера да го преземе целиот имот. Воден од користољубие и силни негативни емоции, С.И. го лишил од живот својот брат во домот на жртвата.

По настанот, обвинетиот го напуштил местото, а следниот ден повторно се вратил. Во деновите што следеле, се враќал повеќепати со цел да го прикрие делото – ги отстранувал трагите и го преместувал телото, кое подоцна било сокриено во помошен објект во дворот.

Во периодот од 30 јули до 5 август, кога телото било откриено, обвинетиот во повеќе наврати подигнувал пари користејќи ја банкарската картичка на жртвата, наведува обвинителството.

Обвинението против С.И. било поднесено на 28 октомври, а тој во целост го признал начинот на извршување на делото, онака како што било опишано во обвинителниот акт.

При изрекувањето на пресудата, Судот донел и решение со кое на осудениот му е продолжена мерката притвор, која ќе трае до почетокот на издржувањето на казната доживотен затвор.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy