
Дожд, грмежи и засилен ветер – до кога ќе биде вака?
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕНСКА НАЈАВА
И утре ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
