Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доверителите се за продажба на управната зграда на Еуростандард Банка: По мислењето од Апелациониот суд, стечајниот управник треба само да ја потврди одлуката.
Македонија

Доверителите се за продажба на управната зграда на Еуростандард Банка: По мислењето од Апелациониот суд, стечајниот управник треба само да ја потврди одлуката.

15/11/2023

AA

Многу е веројатно дека поранешната управна зграда на Еуростандард Банка конечно ќе добие нов сопственик! Во петок (17.11.2023) одборот на доверители на Еуростандард Банка повторно ќе одлучува по повод третата јавна лицитација, и ќе гласа за брза продажба на зградата на Еуростандард Банка, во надеж дека брзо потоа ќе започне и обештетувањето на сите доверители.

“На последното собрание на доверители на Еуростандард Банка одржано на 15.09.2023 по повод третата јавна лицитација, 88,1% доверителите биле eдногласни дека е потребна брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка. На тој став бил и Фондот за осигурување депозити како најголем доверител на Еуростандард Банка и институција која има право на средствата од нејзината стечајна маса, како и Стопанската Комора, како и останатите 20 најголеми доверители”, изјави правниот застапник на еден од доверителите.

Мнозинството на доверители и со соопштение деновиве се изјаснија дека последната понуда од 5,4 милиони евра е прифатлива и дека е дојдено конечно време да се затвори ова прашање. Ова очекување е реално, а се поткрепува и со одлуката на Апелациониот суд да ја прифати жалбата на еден од доверителите, поврзана со одлуката на стечајната судијка за поништување на лицитацијата, а по добиената препорака од стечајниот управник за повторна процена на вредноста на зградата, а со тоа и за одолговлекување на целиот процес. Апелациониот суд донесе одлука дека стечајната судијка постапила спротивно на мнозинските интереси, и на деловникот за работа, и дека гласањето треба да се спроведе.

Стечајниот судија, и стечајниот управник овојпат треба да го поддржат мнозинството, одлуките на институциите и да ја потврдат продажбата, за да по 3 години, конечно доверителите бидат обесштетени.

Пантелеон ГС победи на наддавањето на третата по ред електронска аукција за овој деловен простор, со понудени 5,4 милиони евра. Сега понудата треба да биде прифатена од собранието на доверители, а од прибраните пари да се обесштетат доверителите на пропадната банка.

Станува збор за реномирана и респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија која има амбициозни планови за раст и развој, и која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои над 110 талентирани професионалци од различни области.

Предходно реномираната и интернационална  ревизорската куќа РСМ Македонија објектот го процени на 5,3 милиони евра. Канцеларискиот простор е 1977 м2, додека 1512 м2 се под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Објектот има вкупна површина од 3489 квадратни метри, не се продава парцијално туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.

Добро упатените во случајов велат дека ова е последена шанса за продажба на зградата, бидејќи ако не се изгласа сега, ќе следи распределба на зградата на удели на преку 3.000 доверители, физички и правни лица, што автоматски значи дека идната продажба на зградата ќе биде практично невозможна. Управната зграда ќе продолжи да ја намалува својата вредност и ќе пропаѓа. Во таков случај, освен доверителите, во загуба ќе биде и државата.

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy