Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Довербата во вакцините што се примаат во детството се намалува ширум Европа и Централна Азија, вклучително и во Северна Македонија – нов глобален извештај на УНИЦЕФ
Македонија

Довербата во вакцините што се примаат во детството се намалува ширум Европа и Централна Азија, вклучително и во Северна Македонија – нов глобален извештај на УНИЦЕФ

20/04/2023

AA

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Северна Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Анализата е дел од новиот глобален извештај што УНИЦЕФ го објави денес.

 


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Извештајот „Состојбата на децата во светот во 2023: Вакцинација за секое дете“ претставува најсеопфатна проценка на рутинската имунизација што досега ја има направено УНИЦЕФ. Врз основа на податоци од 2021 година, извештајот посочува дека во Европа и Централна Азија, второто место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со “нула дози“ го делат Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан (11% од децата помали од една година), по Молдавија каде оваа стапка изнесува 13%. Терминот „нула-дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина.


„Иако опфатот со рутинска вакцинација на децата во Северна Македонија порасна во последнава година по пандемијата, она што загрижува е падот на довербата во вакцините кои се даваат во детството. Имунизацијата е една од најзначајните успешни приказни на човештвото. Таа доведе до искоренување на болести како вариола вера и спаси милиони животи од опасни заболувања меѓу кои ќе ги споменам малите сипаници и полиото” – изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјата. „Не смееме да дозволиме бранот од страв и дезинформации, дополнително засилен од пандемијата, да ги доведе под ризик животите на децата.”


На глобално ниво, падот на довербата се случува во време на најголемо континуирано назадување во областа на имунизацијата на децата кое трае последниве 30 години. Пандемијата го наруши вакцинирањето на децата речиси насекаде, најмногу заради огромните притисоци врз здравствените системи, пренасочувањето на ресурсите за имунизација кон вакцинацијата против КОВИД-19, дефицитот на здравствени работници и карантинските мерки кои им беа наметнати на граѓаните. Како последица, 67 милиони деца на светско ниво не беа рутински вакцинирани во периодот меѓу 2019 и 2021 година, при што опфатот со вакцинација опадна во 112 земји.

За разлика од светските трендови, каде децата кои живеат во најсиромашните и руралните средини се тие кои најчесто не добиваат една или повеќе рутински вакцинации, состојбите во Европа и Централна Азија, вклучително и во Северна Македонија, се такви што присуството на деца под една година со “нула дози“ е поголемо во урбаните средини и побогатите домаќинства.

Глобалниот извештај дава листа со препораки. Меѓу најрелевантните за Северна Македонија се следниве:

  • Да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и истите да се вакцинираат, особено оние кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на КОВИД-19.
  • Да се зајакне довербата во вакцините и побарувачката, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата.
  • Да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита.
  • Да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy