
Дошле новинари и пожарникари, но шефот на станицата во Лариса и по 35 минути не знаел дека ја предизвикал несреќата
Шефот на станицата во Лариса 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот.
Од аудио снимките од разговорот што шефот на станицата во овој град, кој е одговорен за несреќата, го водел со своите колеги во Атина и на следната станица Неипори, се дознава дека и 35 минути по трагедијата, не знаел што се случува иако таму веќе биле пожарникарите и ТВ екипите.
Дежурниот во Атина забележал дека паднал електричниот напон на пругата, но шефот на станицата во Лариса одговорил дека дошло до некаков судир, но дека не знаел точно каде.
Колегите побарале прецизни информации и предупредија дека можеби го испратил составот на погрешна патека, но тој сепак не разбрал што се случило.
„Возовите во Грција се движеа со Божја помош“, рекол пензиониран железничар.
Во судирот на двата воза загинаа 57 луѓе. Осомничени се четири лица и тие ќе бидат гонети.

