Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОПОЛНИТЕЛНИ ФОНДОВИ ЗА РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ – Но и пристап до половина милијада потрошувачи, ова е планот на ЕУ
Економија

ДОПОЛНИТЕЛНИ ФОНДОВИ ЗА РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ – Но и пристап до половина милијада потрошувачи, ова е планот на ЕУ

11/06/2023

AA

Новиот план на ЕУ за приближување и економска
поддршка на земјите од Западен Балкан ќе значи дополнителни ЕУ фондови за
развојни проекти и инфраструктура, додека за нашите компании ќе значи слободен
пристап до пазар од половина милијарда потрошувачи. Оваа иницијатива, заедно со
националниот План за забрзување на економскиот раст, ќе влијаат на растот на
инвестициската активност и конкурентноста, а со тоа и на забрзување на
економскиот раст, порачува во својата најнова колумна министерот за финансии,
Фатмир Бесими.

Согласно најавата на претседателката на Европската
комисија, новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан се базира
на четири столба: 1) Приближување до единствениот пазар на ЕУ, 2) Регионална
економска интеграција, 3) Забрзување на фундаменталните реформи и 4)
Стимулирање на економскиот раст преку зголемување на пристапните фондови.

„Земјите од Западен Балкан ќе имаат можност многу
порано да ги почуствуваат бенефитите од главниот двигател на економскиот успех
на Унијата – заедничкиот пазар. Најверојатно, најавениот пристап ќе се однесува
на еден негов поголем сегмент, односно дигиталниот единствен пазар, кој
вклучува области како е-трговија, кибер-безбедност и олеснување на платежните
услуги и трговија со стоки. Заедничкиот регионален пазар може да помогне во
забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ, но исто така, регионалната економска
интеграција е суштинска за отклучување на огромниот економски потенцијал во
регионот и го прави истиот поатрактивен за странските инвеститори. Ист е
случајот и со претпристапните реформи, бидејќи владеењето на правото и
ефикасното и кредибилно правосудство се позитивен сигнал за странските
инвеститори, додека зелената транзиција и обезбедувањето на енергетска
одржливост се клучни за стабилност и одржлив раст. Ургентно е потребен раст на
инвестициите во регионот, кој ќе го подигне стандардот на живеење и ќе помогне
во приближувањето до ЕУ“, пишува Бесими.

Министерот наведува и дека во иста насока е и националниот План за забрзување на економскиот раст, кој се темели на истите
премиси и ја има истата цел.

„Ако ја анализираме структурата на планот на ЕУ, таа
е насочена кон економско зајакнување и поврзување на регионот, подобрување на
конкуретноста на економиите и зголемување на инвестициите. Доколку се разгледа
националниот План за забрзување на растот, може да се заклучи дека голем дел од
структурата е иста, како и целите. Преку имплементацијата на двата плана,
поддршката на Европската Унија и јасната перспектива за крајната цел, „носењето
на Европа дома“, односно обезбедувањето на благосостојба за граѓаните нема да
изостане“, истакнува Бесими.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy