Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Донесени заклучоците од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“
Македонија

Донесени заклучоците од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

06/10/2023

AA

Денеска во Скопје во организација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) се одржа првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“. Министерот Љупчо Николовски беше домаќин на министерската конференција, на која учество земаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов.

Основната цел на оваа конференција, беше во насока, да заеднички се зајакне улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Денешната агенда на министерската конференција беше исполнета со многу дискусии и презентации, кои допринесоа во креирање на најдобрите практики во зачувување и обновувањето на шумите.

Како резултат на денешната министерска конференција беа донесени следните заклучоци:

Обновата на шумите треба да има за цел да постигне највисоко ниво на зајакнување за биолошката разновидност, здравјето на екосистемот и благосостојбата на луѓето, притоа ставајќи ги луѓето во центарот на вниманието.
Обновата на шумите треба да се води од добро дефинирани еколошки, културни и социо-економски цели, приспособени на локалниот контекст и земајќи ја предвид пошироката животна средина.
Потребни се политики кои ќе овозможат долгорочен успех и зголемување на обемот на програмите за обнова на шумите.
Потребна е сеопфатна рамка за мониторинг за да се проценат штетите на шумите предизвикани и од биотски и од абиотски агенси за да се овозможи навремен и соодветен одговор.
Опаѓањето на квалитетот на шумите е клучно прашање во Северна Македонија и потребни се активни интервенции за подобрување на еколошката функционалност на деградираните шуми
Обновувањето на деградираните шуми нуди можност за подобрување на економската вредност на шумите и истовремено подобрување на екосистемските услуги на шумите.
Генерирано е значително ниво на знаења преку истражување и искуство во Северна Македонија и соседните земји за различни аспекти на обновувањето на шумите (на пр. производство на садници, сивикултура, селекција на видови, биотехнологија). Таквото знаење треба да се рефлектира во планирањето и спроведувањето на идните активности за обнова на шумите за да се подобри нивната ефикасност и да се постигне долгорочен успех.
Во најдобар интерес на Северна Македонија би било да се пренасочи фокусот на стратешките шумски активности дополнително во насока на обновување на шумите, а не кон класично пошумување на голи терени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy