Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Донесена првата пресуда за експлозијата во Бејрут
Македонија

Донесена првата пресуда за експлозијата во Бејрут

24/02/2023

AA

Судот во Лондон ја изрече првата пресуда за делумна одговорност за разорната експлозија во пристаништето Бејрут во август 2020 година, во која загинаа околу 250 луѓе.

Според извештајот на медиумите во Бејрут, Високиот суд на правдата во Лондон ја прогласил компанијата Саваро, регистрирана во Велика Британија, за одговорна за 250 смртни случаи предизвикани од експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат, незаконски складиран со години во еден од хангарите во либанското пристаниште.

Според обвинението, британската компанија имала улога во набавката на експлозивен материјал пред неговото пристигнување во пристаништето Бејрут во 2013 година.

Се верува дека бројни компании и поединци од повеќе земји се одговорни на различни нивоа за експлозијата на 4 август 2020 година.

Адвокатската комора на Бејрут го тужеше Саваро во Велика Британија и веста за пресудата на лондонскиот суд им ја соопшти на медиумите, пренесува Танјуг, повикувајќи се на италијанската агенција АНСА.

Во Либан, судската истрага сè уште е „де факто“ замрзната, бидејќи некои високи политичари и припадници на безбедносниот апарат, директно вмешани како соодговорни за злосторството, ја попречуваа со политички и судски методи работата на судијата што ја води либанската истрага.

Во силната експлозија што на 4 август 2020 година одекна во Бејрут загинаа околу 250 луѓе, а повеќе од 6.000 луѓе беа повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
Македонија

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Две лица се приведени за

05/10/2026
Македонија

АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИЗБОРИ, ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО Мицкоски сака

05/10/2026
Македонија

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По

05/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе

05/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛЕ СО ДРВЕНИ ПАЛКИ, ПА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Полицијата

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy