Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОНЕ ТАНЕВСКИ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – вонредно собрание, ќе се отповикуваат старите и ќе се бираат нови членови, но кои, засега е тајна
Економија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – вонредно собрание, ќе се отповикуваат старите и ќе се бираат нови членови, но кои, засега е тајна

10/01/2025

AA

„Скопски пазар“, компанијата која од неодамна е најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ сака да ги отповика претходните членови на Надзорниот одбор на ова хотелиерско акционерско друштво, меѓу кои и некогашниот долгогодишен директор Доне Таневски, кој ги продаде сите свои акции и излезе од сопственичката структура. 

Скопски пазар бара да се одржи вонредна седница на Собранието на акционери, на 17 февруари годинава, на која како точки на дневниот ред е ставено гласање за одлука за отповикување на членови на Надзорен одбор на Македонијатурист, како и избор на нови членови. 

„Собранието на акционери ги отповикува следните членови на Надзорниот одбор
на друштвото: г-дин Доне Таневски, г-ѓа Верица Хаџи Василева-Марковска, г-дин Владо Богдановски, и г-дин Ѓорѓи Јанчевски. Се овластува друштвото да поднесе пријава за бришење на отповиканите
членови на Надзорниот одбор од трговскиот регистар при Централниот Регистар на
Република Северна Македонија“, се вели во предлог одлуката за која треба да гласаат акционерите, а која би влегла на сила со денот на нејзиното донесување. 

Акционерите потоа треба да гласаат за избор на нови членови на Надзорниот одбор, но кои ќе бидат тие засега останува мистерија, бидејќи не се наведени во предлог одлуката, туку за нивните имиња се оставени празни места.  

Само се знае дека ќе бидат избрани четворица нови членови на Надзорниот одмор, од кои еден ќе биде независен член, како и дека нивниот мандат ќе трае шест години. За нив ќе се определи одреден паричен надомест, но засега и висината на тој надомест останува тајна. 

„Собранието на акционери на Друштвото на својата седница одржана на ден 17.02.2025
година ја донесе следната Одлука за избор на членови на Надзорен одбор на Друштвото и определување надоместок
на членовите на Надзорниот одбор. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае шест години
Член. За членовите на Надзорниот одбор се определува надомест во висина од
__________ денари. Се овластува друштвото да поднесе пријава за упис на избраните членови на
Надзорниот одбор во трговскиот регистар при Централен Регистар“, се вели во таа предлог одлука. 

Инаку, овој јавен повик за одржување на вонредната седница се свикува по барање на Скопски пазар, а ќе се одржи во
деловните простории на друштвото на 17 февруари. 

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 отсто од вкупниот број на акции со право на глас, имаат
право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред. Акционерите можат да достават предлози за вклучување
на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуките и прашања најдоцна во рок од осум дена од денот на објава на јавниот повик за одржување на
седницата.

Според најновата состојба на централниот депозитар, Скопски пазар располага со 19,73 отсто од акционерскиот капитал на таа хотелиерска компанија, потоа Промедика поседува 11,89 отсто, М.Г. Фешн е исто така значаен акционер со 11,26 отсто од акционерскиот капитал, 10,47 отсто има акционерот Симеон Павлов, потоа со 10 отсто располага самата компанија кои ги држи како сопствени акции, и 6,23 отсто поседува „Чеза комерц, Симеон, Роберт и Виктор ДОО“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy