Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доне Таневски купи акции во „Скопски пазар“! Бара ли реванш за  „Македонијатурист“ ?
Економија

Доне Таневски купи акции во „Скопски пазар“! Бара ли реванш за „Македонијатурист“ ?

24/02/2025

AA

Кој е интересот на човекот што заработи 20 милиони евра од продажбата на акции во „Македонијатурист“ да купува акции во „Скопски пазар“? Веќе се ројат бројни шпекулации во инвеститорската заедница. Но на ова прашање одговор може да даде само Доне Таневски. А доколку добие одговор „Фактор“ ќе го објави во целост

Доне Таневски повторно е во фокусот на интересот на инвеститорската заедница во Македонија. Затоа што деновиве купил акции во „Скопски пазар“, дознава „Фактор“ од доброинформирани извори во брокерскиот еснаф.

Таневски во последниот период е особено актуелен по две работи поврзани со „Македонијатурист“. Првата е продажбата на голем дел од неговите акции во „Македонијатурист“ од кои заработи околу 20 милиони евра. При тоа Таневски е единствениот помеѓу неколку стотини акционери кој успеа за секоја негова акција да наплати цена од близу 14.000 денари. За таа цена речиси сите други акционери можат само да сонуваат.

Втората работа по која е актуелен Таневски е тоа што во надлежното државно регулаторно тело Комисијата за хартии од вредност (КХВ) речиси од сто дена се води постапка за големите трансфери на акции во „Македонијатурист“ помеѓу поранешни и актуелни акционери. При тоа во овој процес на проверки група мали акционери пријавија дека биле манипулирани од Доне Таневски за продажба на нивните акции во “Македонијатурист“. Имено тие тврдат дека Таневски водел преговори за продажба на акции на сегашни акционери во „Македонијатурист“ неколку дена пред компанијата да објави дека не поседува ценовно-чувствителна информација. Дури и тврдат дека средбата била во седиштето на „Македонијатурист“ поточно во хотелот „Холидеј Ин“. Писмото го пратиле лично до тогашната претседателка на КХВ Нора Алити.

Тогаш „Македонијатурист“ на барањето на Македонска берза одговорила дека не поседува ценовно – чувствителни информаци. Информацијата од „Македонијатурист“ до Македонска берза е пратена во периодот во кој претседател на Управниот одбор на „Македонијатурист“ е Мирјана Таневска (претседателка на управен одбор), ќерка на Доне Таневски.

Да потсетиме, големата промена на сопственици во најголемата македонска хотелиерска компанија се случи без јавна понуда за купување акции.

Повеќе детали за ова на следните линкови https://faktor.mk/koj-kje-go-sobere-kajmakot-a-koj-kje-go-obere-bostanot-vo-makedonijaturist 

и https://faktor.mk/grupa-mali-akcioneri-prijavi-manipulacija-do-khv–dali-rakovodstvoto-na-makedonijaturist-ja-zboruvalo-vistinata-koga-objavi-deka-ne-poseduva-cenovno-chuvstvitelni-informacii

Дознаваме дека Таневски купил мала количина акции во „Скопски пазар“, но и покрај тоа првиот чекор односно преседанот е направен. Кој е интересот на човекот што заработи 20 милиони евра од продажбата на акции во „Македонијатурист“ да купува акции во „Скопски пазар“? На ова прашање одговор може да даде само Доне Таневски. За жал, „Фактор“ иако се обиде не успеа да стапи во контакт со Таневски и да побара одговори на повеќе прашања.

А „Скопски пазар“ сега е најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“. Купуваше по пазарни цени и стигна до 19,9 отсто од акциите. Но Таневски на „Скопски пазар“ не му продаде ниту една од своите акции. А сега купи акции во таа компанија.

А вреди да се знае и тоа дека акционерите на кои Таневски ги продаде акциите не сакаа да го прифатат предлогот за член во надзорниот одбор што го номинираше „Скопски пазар“. Сега во новиот надзорен одбор најголемиот акционер нема свој претставник и ова е преседан во македонската корпоративна историја.

Потегот на Таневски со купување акции особено зачудува доколку се знае дека „Скопски пазар“ има две компании кои се мнозински сопственици на акциите. Тоа се ЗСФ-КОМ од Скопје и „Современ дом“ од Прилеп. И двете компании поседуваат по 38,76 отсто од акциите во „Скопски пазар“. Со оглед на тоа дека во сопствен откуп „Скопски пазар“ има 11,24 отсто акции ситуацијата е повеќе од јасна.

Што сакаше да покаже Таневски со ова и што ќе биде негов следен потег? Тоа е прашање од милион долари…

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy