
Доналд Трамп се откажа од воведување царина од 50% врз ЕУ од 1 јуни
Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од својата нова закана за воведување царини од 50% на увозот од Европската Унија од 1 јуни.
Во петокот, американскиот претседател изрази незадоволство од напредокот на разговорите со Европската Унија и се закани дека ќе воведе царини од 50% веќе следниот месец.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, синоќа објави на својот X профил дека имала телефонски разговор со американскиот претседател за ова прашање и дека за да се постигне „добар договор“, потребно е да се запази рокот првично поставен од Трамп.