
ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ПОРАСНАЛА САМО 0,9 ПРОЦЕНТИ – еве каде се остварени најдобри резултати
Домашната економија во последниот квартал од минатата година посраснала за само 0,9 проценти. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9 отсто.
– Во четвртото тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 5,5 проценти, и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3,5 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 5,8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто – домашниот производ изнесува 70,9 проценти – објави ДЗС.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,3 проценти.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, соопшти статистика.
