Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени
Економија

Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени

20/11/2024

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).

Според дополнителните и најнови предложени измени на Законот за енергетика, домаќинствата ќе може да купуваат струја од снабдувачи со динамична, односно тековна цена, каква што е во моментот на пазарот.  Бидејќи оваа цена е варијабилна, потрошувачот ќе може да ги користи периодите кога таа е ниска.

Снабдувачот ќе треба да им обезбедува постојани информации на потрошувачите за цената на струјата преку паметни мерни уреди, а своја улога како обезбедувач на информации и контрола ќе има Регулаторната комисија за енергетика.

Од Министерството за енергетика, на нашето прашање колку е веројатно ова да профункционира во пракса и колку време ке биде потребно овој концепт да се воспостави, велат дека оваа можност веќе е започната да се имплементира во некои земји од Европската унија.

– Оваа новина, која почнува да се имплементира во дел од земјите од
Европската Унија, ја инкорпорираме и во нашето законодавство како дел од
усогласувањето со европските стандарди. Министерството за енергетика смета
дека, воведувањето на можноста домаќинствата и малите потрошувачи да склучуваат
договори со снабдувачи на електрична енергија по динамична цена, е изводливо и
во интерес на граѓаните, бидејќи ова ќе им овозможи флексибилност и
оптимизирање на трошоците во согласност со реалната потрошувачка. Искуствата и праксата покажуваат дека потребното време за целосна имплементација зависи од техничките
подготовки и договорите со снабдувачите. Што секако ќе биде во координација со
потребите на потрошувачите и ќе
се развива паралелно со прилагодувањето на потребите на пазарот и техничките
капацитети, велат од министерството.

Од таму додаваат дека потрошувачите – во слуачјов домаќинствата и малите потрошувачи, ќе треба да инсталираат посебно броило во договор со снабдувачот за плаќање на електричната енергија по динамична
(променлива) цена.

– Во однос на евентуалните трошоци за
корисниците, единствениот можен почетен трошок би бил за инсталирање ново
броило со опција за далечинско читање. Министерството се стреми да се минимизираат
дополнителните трошоци, со цел да
го направи овој модел достапен за што поголем број граѓани без дополнителен финансиски товар, гласи одговорот од Министерството за енергетика.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy