Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОМ: Пендаровски ги прифати барањата на ДОМ за заштита на животната средина и климата
Македонија

ДОМ: Пендаровски ги прифати барањата на ДОМ за заштита на животната средина и климата

07/03/2024

AA

Членови на раководството на зелената партија ДОМ, денес одржаа средба со Претседателот Пендаровски во централната канцеларија на ДОМ.

Од страна на ДОМ беше искажано задоволство од одлуката на Претседателот Пендаровски да го прифати барањето на ДОМ за непотпишување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што придонесе да се стопира продолжувањето на легализацијата на дивоградбите.  На средбата беше истакната и важноста на одржаната седница на Советот за безбедност на предлог на Претседателот Пендаровски, на тема за заштита на животната средина, на која учествуваа граѓанските организации активни во оваа област.

ДОМ го потенцираше значењето на посветеноста на Претседателот Пендаровски во сферата на унапредување на човековите права, особено на правата на жените и маргинализираните групи граѓани. Пендаровски нагласи дека и во иднина ќе продолжи активно да придонесува за унапредување на човековите права и заштита од било каков облик на дискриминација.

Претседателот Пендаровски ги прифати барањата на ДОМ за негова поддршка во напорите за заштита на животната средина и борбата со климатските промени, во тек на следниот престедателски мандат.

На средбата беше договорено Претседателот да биде покровител на Регионален форум за животна средина и климатски промени, со што ќе се зајакне соработката помеѓу државите од регионот, бидејќи загадувањето и климатските промени не познаваат граници и само со заеднички активности на државите може да се постигнат значајни подобрувања во оваа област. Ова особено е значајно за решавање на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското и Преспанското Езеро.

Претседателот се обврза да даде придонес во рамките на неговите ингеренции за реализирање на програмскиот приоритет на ДОМ за внесување програми за животната средина и климата, во воспитно образовниот процес, од предучилишните до високо образовните институции. За ефикасно справување со еколошкиот криминал, особено е значајно оваа проблематика да се изучува на Академијата за судии и јавни обвинители, како и да се обезбеди континуирано спроведување обуки за судиите, обвинителите и припадниците на Министерството за внатрешни работи.

Претседателот Пендаровски го прифати барањето на ДОМ за формирање времено тело во рамки на кабинетот на Претседателот кое ќе дејствува за заштита на животната средина и борбата против климатските промени. Во тоа тело ќе се вклучат експерти и претставници на граѓанските здруженија од оваа област.

Претставниците од ДОМ и Претседателот Пендаровски ја истакнаа неопходноста од што побрзо продолжување на македонскиот евроинтеграциски процес, како основна движечка сила за севкупен прогрес на државата и поквалитетен живот на македонските граѓани.

За средбата со Претседателот Пендаровски, тимот за преговори на ДОМ ќе ги информира телата и органите на ДОМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy