
Долгот на општина Тетово е намален за 6 милиони евра
Општина Тетово ја информира јавноста дека долгот на општината е намален за 6 милиони евра во однос на 2021 година. По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони.
Овој финансиски успех означува важна пресвртница во управувањето со јавните средства и несомнена посветеност да се осигура дека секое евро оди за инвестиции и квалитетни услуги за нашиот град и граѓаните.
