Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Документарецот за Дарко Панчев доби награда на фестивал во Златибор!
Спорт

Документарецот за Дарко Панчев доби награда на фестивал во Златибор!

27/08/2023

AA

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев „Патот на Кобрата до ѕвездите“ е прогласен за „најдобар филм за личност во спортот“ на 12. меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор. Награда доби и филмот за Благоја Георгиевски Буштур, „Среќна 13-ка“.

Документарниот филм за Дарко Панчев кој е во продукција на регионалната спортска телевизија „Спорт Клуб“, доби награда на фестивал за спортски филмови во Златибор.

„Прекарот Кобра за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард – мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството, и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, стои во образложението на жирито на меѓународниот феставал за спортски филм во Златибор.

Истовремено, Дарко Панчев доби и признание за животно дело за исклучителен допринос во спортот. Наградите во негово име ги подигнаа сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

На фестивалот во Златибор награден беше и филмот „Среќна 13-ка“, во продукција на МРТ, а посветен на ликот на Благоја Георгиевски Буштур. Режисерот Тони Ристовски го прими признанието за најдобра режија.

На фестивалот во Златибор учествуваа преку 40 филма, од 20 земји. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44919
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026

Доколку до 22 август 2026 година надлежното обвинителство не поднесе обвинителен акт против Артан Груби, тој по automatзам ќе биде

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy