Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДИК ЗА ШМИТ: Ќе го гониме како ѕвер
Регион

ДОДИК ЗА ШМИТ: Ќе го гониме како ѕвер

13/03/2025

AA

Ќе формираме свој суд и обвинителство, а високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит „ќе го гониме како ѕвер“, вели претседателот на Република Српска, Милорад Додик. 

Додик, кој е и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), призна дека за усвојување на новиот Устав на РС е потребно двотретинско мнозинство, кое владејачката коалиција во моментов го нема, па затоа е неопходна поддршката од опозициските пратеници.

Тој го критикуваше поранешниот висок претставник, Волфганг Петрич, тврдејќи дека неговите наметнати амандмани го направиле актуелниот Устав на РС „волја на странецот, а не на народот“.

Додик нагласи дека Република Српска никогаш не дала свој став за овие наметнати одлуки, посочувајќи дека пратениците во Парламентот на БиХ „не се РС“ и дека овој ентитет има подобра меѓународна позиција од порано.

Главниот град на РС би станал Бања Лука, наместо Сараево, додека Пале (Источно Сараево) би било прогласено за „престолнина“.

Според новиот нацрт-устав, РС добива право на самоопределување, се укинуваат Советот на народи и потпретседателите на ентитетот, како и државјанството на БиХ – оставајќи го само ентитетското државјанство. Предвидено е повторно формирање на Војска на РС, како и формирање Висок судски и обвинителски совет на ентитетско ниво.

Некои од највисоко рангираните републикански и демократски лидери во Конгресот испратија заедничко писмо до американскиот државен секретар Марко Рубио во кое изразија загриженост за, како што наведоа, „неодамнешните дејства на лидерот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, кој со години е ангажиран во сецесионистички активности, предизвикувајќи ги државните институции во Босна и Херцеговина, поткопувајќи го Дејтонскиот договор и загрозувајќи ги територијалниот интегритет и етно-социјалната кохезија на земјата“.

Тие наведоа дека како одговор на оваа акција, САД, вклучително и за време на првата администрација на Трамп, вовеле санкции за Милорад Додик, како и за поединци и субјекти кои му помагале во неговите сецесионистички акти.

Тие додаваат дека Уставниот суд на БиХ го осудил Додик на една година затвор и му забранил да учествува во политиката шест години, како резултат на неговата одлука да спроведе неуставни закони, со кои се отфрла јурисдикцијата на Уставниот суд.

Во писмото посочуваат дека Додик потоа ветил дека ќе ја игнорира пресудата и ќе продолжи со својот сепаратистички план, што го навело да преземе чекори кон потенцијалното отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy