
ДОДИК ИМАШЕ ОПЕРАЦИЈА НА ХРАНОПРОВОДНИКОТ: „Борбата за здравјето е најтешка, стигнав дома во моето село“
Лидерот на
босанските Срби Милорад Додик е отпуштен од болница по операција на
хранопроводникот.
„Стигнав дома во моето село. Им благодарам на медицинскиот
тим и болничкиот персонал за професионалниот однос и грижата што ја покажаа.
Борбата за здравје е посебна и лично најтешка, затоа благодарам на сите што ме
поддржаа. Имам период рехабилитација и закрепнување пред мене“, напиша Додик на X.
На Додик
му беше извршена операција на хранопроводот, откако беше хоспитализиран поради
акутни болки на почетокот на неделата.
Додека беше во болница, го посетија српскиот претседател
Александар Вучиќ, српскиот премиер Милош Вучевиќ и патријархот Порфирије.
фото: Инстаграм

