
Додик го прослави својот роденден, пеејќи и ја омилената песна на мајка си
Претседателот на Република Српска Милорад Додик го прослави својот 64-ти роденден со песна, како што сака. Тој на својот Твитер профил се пофали како му е на роденденот.
Како што може да се види на видеата и фотографиите кои ги објави, Додик прославил во ресторан полн со членови на семејството и пријатели.
“Српкиња је мене мајка родила” једна је од мојих најдражих пјесaма. Срећан сам кад могу да је отпјевам са мајком. pic.twitter.com/NmooDMeZfL
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 12, 2023
Неговата мајка беше специјален гостин. Тој и ја отпеа, како што напиша, една од омилените песни „Ме роди мајка Србинка“.
Среќен сум кога можам да го пеам со мајка ми“, напиша на Твитер претседателот на Република Српска.
Последен пат јавно излезе на микрофон на 8 март, кога им пееше на сопартијците.