Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Додека вршеле увид на несреќа на експресниот пат кај Крива Паланка, ги удриле со друг автомобил
Магазин

Додека вршеле увид на несреќа на експресниот пат кај Крива Паланка, ги удриле со друг автомобил

25/01/2025

AA

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Додека се вршел увидот за првата сообраќајна несреќа, на обележната локација влетал друг автомобил и повредил четворица полициски службеници.

Како што информираат од ЈОРСМ, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот, додека неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди. Јавниот обвинител ги презел сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

-Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа. 

Од МВР известија, дека на 24.01.2025 во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(74) од Крива Паланка, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(80) од Крива Паланка и бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде што починал. Додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С. и сопатникот М.П.(47) од Крива Паланка.
 
За време на вршење на увидот, во 17.39 часот, патничко возило „опел корса“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(71) од Крива Паланка, удрило во патничко возило „мерцедес“,сопственост на Јавното обвинителство Куманово и во четири полициски службеници кои биле на увидот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.С.(59) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „опел корса“, двајца полициски службеници и една полициска службеничка, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местот на несреќите извршиле јавен обвинител и увидна екипа на  СВР Куманово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy