Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Додека сте на одмор, тие ви го празнат домот – еве како да се заштитите!
Македонија

Додека сте на одмор, тие ви го празнат домот – еве како да се заштитите!

14/08/2025

AA

Летниот период, покрај ризикот од пожари, носи и зголемена опасност од кражби. Додека граѓаните се на одмор и често објавуваат фотографии на социјалните мрежи, крадците ја користат нивната отсуственост за да празнат домови и возила.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во јуни и јули годинава регистрирани се 967 кривични дела, од кои 689 се тешки кражби, а 278 – кражби. Бројката е за околу 20% пониска во однос на истиот период лани, но дел од граѓаните тврдат дека се почесто слушаат за вакви случаи и дека дел од оштетените не пријавуваат доколку украденото има помала вредност.

Експертите по безбедност препорачуваат внимателно користење на социјалните мрежи, чување на вредни предмети во банкарски сефови, користење на видеонадзор и аларми, како и соработка со агенции за обезбедување. Тие нагласуваат дека превенцијата и деталната анализа на начинот на извршување на кражбите се клучни за заштита.

Полицијата, пак, во последниот период спроведе превентивни активности, делeјќи флаери со совети за заштита од разбојништва. Апелираат пред поаѓање на одмор задолжително да се проверат прозорците и вратите, да не се оставаат предмети на видливо место и, доколку се забележи провала, веднаш да се пријави на бројот 192 или во најблиската полициска станица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45585
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека четири се ставени под контрола, покажуваат најновите податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy