
Додека сите во светот ги зголемуваат каматните стапки, зошто Турција ги намалува? Ердоган ги наведе причините
Претседателот на Турција, Реџеп Тајуп Ердоган, објасни зошто Турција ги намали каматните стапки додека сите во светот ги зголемуваат во борбата со инфлацијата.
„Додека сите во светот ја зголемуваат каматната стапка, ние ја намалувамеСакаме инвеститорите да дојдат и да инвестираат, банките ќе ги дадат потребните кредити, а бројките на Турција ќе експлодираат преку извозот“, рече Ердоган.предизборно пред граѓаните на Големата истанбулска средба организирана од неговата партија на аеродромот Ататурк.
Ердоган додаде дека девизната резерва на Централната банка на Турција била само 22,5 милијарди долари, а дека сега е 115 милијарди долари.
„Ги знаеме и проблемите во нашата земја. Знаеме дека неволјите се зголемуваат со катастрофата од земјотресот. Дефинитивно ќе видиме како ќе се одвиваат работите со текот на времето. Ќе ги надминеме исто како што го решивме секој проблем. Ќе ги реализираме сите проекти што ги наведовме во стотици илјади наслови во нашиот изборен манифест“, порача Ердоган.
На предизборниот митинг беше кажано дека досегашната обнова на Турција по катастрофалниот земјотрес чинела 100 милијарди евра досега.