Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доброволното противпожарно друштво од Кочани набави интервентно возило
Македонија

Доброволното противпожарно друштво од Кочани набави интервентно возило

23/04/2023

AA

Во кругот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани денеска пристигна уште едно едно возило цистерна, што ќе служи како поддршка за снабдување со вода на интервентното возило за гаснење пожари.

Возилото е набавено од Словенија, од Волонтерското противпожарно друштво од Рогашка Слатина, со буџетски средства од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, чија територија е под надлежност на кочанските пожарникари.

-Возилото е со капацитет од пет илјади литри вода и ќе го користиме како помошно, за дотур на другото возило. Освен тоа, располага и со топ за распрскување вода со што ќе може да се користи при интервенции за гаснење пожари, а има и опрема за миење јавни површини. Посебно сме задоволни што во набавката учествуваа и трите соседни општини, затоа што уште на почетокот од договарањето нашата иницијатива беше позитивно прифатена и тие останаа доследни на ветувањето дека ќе помогнат. Наскоро ќе ни пристигне и едно патничко возило, наменето за технички интервенции, кое ќе може да превезува девет пожарникари, истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Доопремувањето на Доброволното противпожарно друштво доби минатата недела го помогна и Ротари клубот од Ново Место, Словенија кој донираше уреди и алати за интервенции, како и униформи и опрема за лична заштита.

Пожарникарите волонтери од Кочани организираат и донаторска акција за собирање парични средства за уште едно теренско пикап возило за превоз на помошна противпожарна и друга опрема. Упатија апел до граѓаните и до стопанските субјекти да се вклучат со свои донации и до крајот на годината да се реализира и оваа набавка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy