![Добро е да има една изборна единица, смета Давкова](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/04/gordana-6-850x560.webp)
Добро е да има една изборна единица, смета Давкова
Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека добро е да има една изборна единица, наместо досегашните шест.
„Една изборна единица е редок феномен, меѓутоа кај нас заради еднаквоста на избирачкото право да во 6-те изборни единици со различен број гласови да влезете во Парламентот, што значи нема еднаквост избирачкото право, а тоа е основното начело во стандардите на ОБСЕ“, вели Силјановска Давкова.
Според неа, тоа значи дека има дискриминација во многу држави.
„Во овој случај или Врховниот суд или Уставниот суд може да поведе постапка… Значи затоа е добро да има една изборна единица“, додава Гордана Силјановска Давкова.