
„ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА VDL“: новите сопственици на „Ван Хол“ со официјален поздрав до вработените во Македонија
Преземањето на вработените во холандската фабрика „Ван Хол“ која од неодамна на светско ниво има нов газда, се реализира и во Македонија.
Фактор дојде до присмо испратено до вработените во компанијата, во кое им се соопштуваа новото име на компанијата, но и состојбите во кои е сега компанијата, заедно со информации кои сектори продолжуваат со работа во следниот период.
За потсетување Фактор веќе пишуваше за преземањето на Ван Хол. Оваа фабрика е навистина значајна за нашата економија, и нејзината иднина предизвика голем интрес во јавноста.