
ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За колку порасна просечната плата?
Се зголеми просечната плата во Црна Гора. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто.
Просечната плата без даноци и придонеси во декември била 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември, во однос на ноември, бележат намалување од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период се зголемени за два отсто, а ако се знае дека цените лани во однос на 2023 година забележале раст од 3,3 отсто, тоа значи дека реалните плати се зголемени за 7,1 отсто“, се наведува во соопштението.
Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната нето плата изнесувала 876 евра. И Србија сака да го стигне нивото од 1.000 евра просечна плата. Maкедонија има најниски плати во регионот.
foto freepik.com