
ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег на планините

Во текот на ноќта денеска и утре особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места со надморска височина од над 1.000 метри и особено во западните предели ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Пообилни врнежите ќе бидат повторно во западните предели каде локално ќе наврнат нови до околу 20 до 25 литри на метар квадратен воден талог. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Прогнозата на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот ЛИНК.
.
