
Доаѓа невреме во овие делови од Македонија
Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време.
Во попладневните часови развој на нестабилност која што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално со поројни врнежи и услови за појава на невреме.
Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 18 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

