
До вторник стабилно, потоа врнежи од дожд и снег на планините
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со појава на магла. T=6°C. P=984hPa. U=90%. V=1m/s.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

