
До крајот на декември исплата на новата финансиска помош, најави Тренчевска
„До крајот на годината очекувам да почне исплатата на новиот пакет антикризни мерки“, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Тренчевска вели дека исплатата ќе започне откако законот за финансиска поддршка ќе помине на седница на Влада и во Собранието.
„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече Тренчевска.
