Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 До кога желбите на поединците се поголеми од интересот на навивачите?
Спорт

До кога желбите на поединците се поголеми од интересот на навивачите?

15/09/2024

AA

Екипата на Гостивар за денешната пресметка со Вардар неочекувано го одбра стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а набрзо потоа ја информира јавноста дека средбата ќе се игра без публика што предизвика револт пред се кај навивачите на црвено-црната чета.

Припадниците на полициската специјална единица денеска се погрижија трибините да останат празни, па никој освен членовите на управите на двата клуба не можеше да ја проследи во живо големата борба на фудбалерите на двата тима. Крајниот резултат беше 1-1, а по средбата со остро соопштение се јавија „Комити“.

„Не е повеќе прашање зошто, туку КОГА еднаш засекогаш ќе се застане на патот на самоволието, кое повеќе од 30 години, во континуитет го разорува македонскиот клупски фудбал? Празни трибини и полна ложа. На тоа ли се сведува денес ПМФЛ? На полициски кордони чија единствена цел е – стадионот да остане празен? На желбите на поединци поголеми од интересот на навивачите? На башибозукот кој се наметнува како правилен принцип на функционирање или на постојаното летање во место, кое со децении го пеплосува мак фудбалот… Неколку стотина членови на групата, денес без разлика на дождот и на фактот дека нема да присуствуваат на натпреварот, сепак се упатија кон стадионот. Свесни бевме дека нема да влеземе, но исто така мора да се свесни СИТЕ кои стојат зад овие апсурдни одлуки, дека Комити никогаш нема да се откажат, ниту да потклекнат пред истите. До коска за Вардар! Упатуваме поддршка до фудбалерите на теренот, за храбрата игра, како и до стручниот штаб. Заедно до целта!“, напишаа најверните навивачи на Вардар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46677
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени и уплати за комуналии и

09/11/2026

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на Алта банка АД Битола кои имаат платежни сметки во банката, а не

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот, јавноста бара целосна истрага

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од Движењето за алузиите за Врање

09/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy