Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДО КОГА ЌЕ ИМАМЕ РАСТ ОД ДВА ПРОЦЕНТИ – Ни треба забрзување, но како до него?
Економија

ДО КОГА ЌЕ ИМАМЕ РАСТ ОД ДВА ПРОЦЕНТИ – Ни треба забрзување, но како до него?

07/06/2023

AA

Какви се изгледите да забрза македонската економија во текот на годината? Кои сектори имаат потенцијал да ја повлечат економијата и какви се шансите градежништвото, особено најавените проекти да поттикнат посилен економски раст?
Многу прашања се наметнаа по објавата дека во првиот квартал домашната економија пораснала за скромни 2,1 проценти. 

Податоците говорат дека поголем раст е забележан во сектрот градежништво од 12,7 отсто. Ова е сектор кој важи за мотор на македонската економија, и неговото заживување ќе има одраз врз севкупната економија. Дополнително подобар раст имаат секторите трговија на големи и мало, објекти за сместување и сервисни дејности со храна. 

Експертите потенцираат дека растот на домашната економија бил очекуван согласно тековните случувања, и додаваат дека неизвесноста и понатаму влијае врз економијата, поради што не се очекуваат значајни промени во следниот период. 

– Растот од 2,1 отсто во првиот квартал е очекуван, забележуваме дека личната потрошувачка е релативно солидна, но значаен пад имаме кај бруто инвестициите што е рефлексија на неизвесноста во економското окружување. Оттука, позитивниот раст најмногу го извлекува растот на извозот наспроти падот на увозот. Последното може да укажува на очекувани неизвесности и за следниот период. Така што, севкупно, би рекол дека и следните квартали ќе гледаме слична слика која е одраз на неизвесноста и сеуште присутните ризици во економското окружување – објаснува универзитетскиот професор Марјан Петрески. 

Професорот за Фактор укажува оти градежните активности имаат потенцијал да придонесат за развој на економијата, особено кога инвестицијата ќе земе замаф. 

– Во однос на тоа дали изградбата на автопатските делници сврзани со Бехтел и Енка ќе влијае врз растот – да, нема тука дилема. Според постојни истражувања, проценката е дека кога инвестицијата би била во полн ек, ќе придонесува кон растот во распон од 0.5 до 1 проценти поени – укажува Петрески. 

Бројките покажуваат дека наспроти солидниот раст на градежништвото, уште посолиден, или поголем пад има кај инвестициите од дури 20 проценти. 

Но, ниту банкарите не очекуваат значително подобри резултати до крајот на годината. За оваа година НБРМ очекува економскиот раст да достигне 2,1 процент, а инфлацијата да биде и понатаму висока и да се движи меѓу 8 и 9 отсто. 

– Макроекономската слика не е значително променета. Се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, и постепено забавување на инфлацијата. Енергетската компонента би придонела за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на центие на енергентите, а што се очекува и со ублажување на ценовните притисоци кај храната. Ризиците се поврзани со неизвесноста на светските цени на енергијата и хранта и преносот врз домашната економија – укажа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на последната пресконференција за растот на БДП.  

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy