
До каде е истрагата за полицајците кои вечерта биле во Пулс?
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) сè уште ја нема финализирано јавнообвинителската одлука за полициските службеници инволвирани во пропустите околу кочанската дискотека „Пулс“. Причината е од процедурална природа.
Од Обвинителството појаснуваат дека иако истражните дејствија се при крај, процесот моментално е во фаза на доставување на известувања до осомничените дека истрагата е завршена.
Рокот од 15 дена сè уште не тече Клучниот момент е во законската процедура: Законскиот рок од 15 дена, во кој одбраната има право да предложи свои докази, сè уште не е започнат.
Овој рок ќе започне да тече дури откако и последниот од осомничените уредно ќе го прими известувањето.
Дури по истекот на овој рок, надлежниот јавен обвинител ќе може да ја разгледа евентуалната дополнителна документација од одбраната и да донесе конечна јавнообвинителска одлука – дали ќе поднесе обвинение против полицајците или ќе ја запре постапката.
Од ОЈО ГОКК најавуваат дека веднаш штом биде донесена одлуката, јавноста ќе биде информирана.
