Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 До година ќе имаме електронска лична карта
Македонија

До година ќе имаме електронска лична карта

18/05/2023

AA

Планот и концептот за електронска лична карта се веќе готови. Тоа е систем кој мора да се прави согласно европските директиви и ако сè се одвива како што треба, би требало веќе следната година да имаме електронска лична карта. Ова го кажа на брифингот со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, чиј тим работи на Законот за архивска дејност и на е-личната карта, пренесува Мета.

„Активностите поврзани со електронската лична карта, ги правиме со амбасадата на САД. Концептот, кој на МВР требаше да им биде комплетно јасен, е веќе готов. Сега експерт од Естонија ќе дојде кон крајот на овој месец и тој ќе треба да види дали сè е во согласност со европските директиви. Сега Министерството за информатичко општество и администрација, треба да ја направат Стратегијата за сајбер безбедност“, рече Грковска.

Таа информираше дека следува техничка спецификација, односно меѓународен тендер за што МВР ќе го води процесот.

Вицепремиерката информираше и за Законот за потекло на имот, кој е во фаза на изработка.

„Ова недостасува во нашиот систем. Кога ќе се утврди дека нема аргументи за кривична постапка, тогаш лицето кое несразмерно стекнало имот, ќе мора во граѓанска постапка да докаже како го стекнало имотот. Целта е да се стесни просторот за злоупотреба и криминалот да биде казнет. Во овој процес се вклучени Министерството за правда, Обвинителството, експерти. Врз основа на меѓународните искуства ќе се направи закон“, рече Грковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy