
ДОЈДОА ТЕМНИТЕ ДЕНОВИ НА АУДИ: Ја затвораат цела фабрика во Брисел, сите 3.000 работници останаа без работа
Ауди ја затвора својата фабрика во Брисел, а сите 3.000 работници се без работа, објави Euronews.
Фабриката на Audi ќе се пресели во Кина и Мексико, поради пониските трошоци за производство, кои беа најавени на почетокот на минатата година.
До средината на 2024 година, производството во белгиската фабрика веќе беше намалено, а беа укинати меѓу 1.500 и 2.000 работни места.
На крајот на октомври не се појави ниту инвеститор ниту купувач за фабриката во Брисел, што доведе до одлука фабриката да се затвори во февруари, пренесува Танјуг.
Фабриката во бриселската населба Форест склопува автомобили Ауди од 2006 година, кога тогашната фабрика на Фолксваген беше спасена од работ на затворање.