
До 18 степени во првата половина од март, до кога ќе врне?
Вистинска пролет во првата половина од месец март. Според дологорочните анализи на метеоролозите, не очекуваат топли денови и температури над просекот за овој период од годината.
Месец март започнува со врнежи од дожд, а влажниот бран ќе трае до крајот на следната недела. Температурите во првата недела од март ќе се движат од 7 до 18 степени.
Од 11-ти до 17 ти март се очекува стабилизација на времето и повеќе сончеви денови. Температурата ќе се движи од 7 до 17 степени.
Од 18-ти до 24-ти март не очекува нестабилност со можни локални врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 14 степени.

