Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дневно околу 25.000 лица влегуваат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони
Македонија

Дневно околу 25.000 лица влегуваат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони

06/08/2025

AA

Преку граничниот премин Евзони/Богородица, дневно минуваат приближно 25.000 лица, а околу 15.000 ја напуштаат земјата. Ова го изјави претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис), Плутархос Елефтериадис, за грчката државна телевизија ЕРТ,

Во прилогот од граничниот премин, ЕРТ коментира дека секојдневно има метеж на Евзони со туристи од Балканот кои ја посетуваат северна Грција. Претседателот на полициските службеници објаснува дека тие се обидуваат да одговорат на зголемениот проток на возила и потенцира дека само во текот на изминатиот викенд околу 50.000 туристи влегле кај јужниот сосед преку конкретниот граничен премин.

Елефтериадис додаде дека оваа година има дополнителен број полициски службеници и се отворени девет шалтери за влез во Грција и шест за излез. “Позитивно е што оваа година имавме мало зајакнување и ова многу помогна и за да биде одморен полицискиот персонал што работи секојдневно”, посочи тој.

Според ЕРТ, за време на летната сезона на граничниот премин Евзони се ангажирани полицајци од северна Грција, а нивниот број достигнува до 65. Во секоја смена од грчка страна работат 12 до 18 полициски службеници поради зголемениот број туристи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy