Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК со препораки и забрани за време на Локалните избори 2025
Македонија

ДКСК со препораки и забрани за време на Локалните избори 2025

11/08/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) издаде соопштение со кое ги информира државните институции, политичките партии и јавноста за законските ограничувања во користењето на буџетски средства и државен капитал во периодот од распишувањето на Локалните избори 2025 до нивното завршување.

Меѓу главните забрани се: започнување нови инвестиции со државни пари, вонредни исплати и отуѓување на државен капитал, нови вработувања или отпуштања (освен во итни случаи), користење на државни ресурси за изборна кампања, прибирање средства од незаконски или анонимни извори и поткуп на гласачи.

Исто така, 20 дена пред почетокот на кампањата е забрането одржување јавни настани за пуштање во употреба на објекти финансирани со јавни средства, како и користење службени простории, опрема и возила за партиски цели. Министерството за финансии е должно јавно да ги објавува сите буџетски исплати (освен редовните плати, пензии и комунални трошоци) и да поднесе предизборен финансиски извештај.

ДКСК најавува дека ќе го следи целиот изборен процес, ќе постапува по сомневања за прекршувања и ќе ги известува надлежните органи. Комисијата ги охрабрува граѓаните и медиумите да пријавуваат случаи на прекршување на Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy