Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК ќе го „чешла“ првиот вицепремиер Артан Груби
Македонија

ДКСК ќе го „чешла“ првиот вицепремиер Артан Груби

27/02/2023

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.

– Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница.

Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“.

Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува.

– Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК.

Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека Владата, ЈО и ДКСК се уште молчат за, како што рече, „скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма“.

– Мислат дека ако молчат тоа ќе се заборави. Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а истиот да е платен само 100.000 евра. Според ова, произлегува дека квадратен метар семејството Груби платиле за само 700 евра, а реалната цена е над 3000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра по квадратен метар не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова. Нема да му помогнат ниту нарачките по портали под негова контрола, нема да му помогнат ниту притисоците врз ЈО, рече утрово Лефков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy