Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК: 58% од институциите не доставиле податоци за службените возила
Македонија

ДКСК: 58% од институциите не доставиле податоци за службените возила

29/09/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави дека голем дел од институциите не ја исполниле својата законска обврска да достават податоци за службените возила, согласно Изборниот законик.

Обврска да достават информации за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на возилата имаа вкупно 1.514 институции. До 29 септември 2025 година, тоа го направиле 635 институции или 42%, додека 879 институции, односно 58%, воопшто не доставиле податоци.

Од институциите што испратиле информации, 403 тоа го сториле навремено, пријавувајќи 4.079 возила, додека 232 институции со задоцнување пријавиле 2.558 возила. Според податоците објавени во Регистарот на службени моторни возила, досега се внесени информации за 578 институции кои располагаат со вкупно 6.637 возила. Од нив, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се, а за 178 возила нема податоци за возната состојба.

ДКСК посочува дека постојат несогласувања меѓу податоците доставени од институциите и оние што се водат во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР). Кај 34% од институциите бројките целосно се совпаѓаат, но кај 66% има отстапки – некои пријавиле повеќе, а некои помалку возила отколку што е заведено во МВР. Исто така, 27 институции пријавиле дека располагаат со возила кои воопшто не постојат во евиденцијата на МВР, што отвора сомнежи дека тие можеби се водат на други правни лица, но се користат од институциите.

Покрај тоа, дел од возилата имаат статус на класифицирани информации и не се јавно објавени.

Од 879 институции кои воопшто не доставиле податоци, ДКСК утврди дека 192 располагаат со 2.028 возила, според информациите од МВР.

„Со оваа пракса овозможуваме јавен увид и ја поттикнуваме транспарентноста и одговорноста кај институциите кои имаат обврска да пријават службени возила,“ наведуваат од ДКСК.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy