Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИЖС: Усје ги имплементираше сите препораки, контролните мерења од независни лаборатории на 8 точки покажаа дека нема надминување на емисиите
Македонија

ДИЖС: Усје ги имплементираше сите препораки, контролните мерења од независни лаборатории на 8 точки покажаа дека нема надминување на емисиите

08/02/2023

AA

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на Фејсбук информираше дека во врска со случајот за Цементарница Усје на 7 февруари е започната постапката за спогодување пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и истата е во тек.

 


Воедно потенцираат дека правниот субјект постапил по издаденото Решение во инспекциска постапка од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион, при што во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 MW во котларата за загревање на фабриката, се отпочнало со користење природен гас како гориво. „Исто така беа извршени мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од пристигнатиот извештај е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија. Правниот субјект реализираше и мерења на 8 емисиони точки согласно А-ИЕ Дозвола од сите производни делови кои се во работен режим со две акредитирани лаборатории за животна средина. Останати 4 мерни места поради редовен годишен ремонт на ротациона печка 4 и придружни работни единици ќе се мерат дополнително. Од пристигнатите извештаи е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија.

Една од двете печки (ротациона печка бр.4) е во ремонт и истата не е во работен режим,“ велат од ДИЖС. Од таму потсетуваат дека Цементарница УСЈЕ А-Дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, измена на А-ДУОП беше направена во 2013 година, а А-Интегрираната Еколошка Дозвола ја поседува од 2020 година. Дозволите ги издава МЖСПП. За инсталации со А интегрирана дозвола, надлежен инспекциски орган е Државниот инспекторат за животна средина, а за тие со Б, општините.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy