Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дисидент исчезна пред две години во Турција – во Иран денеска беше потврдена неговата смртна казна
Македонија

Дисидент исчезна пред две години во Турција – во Иран денеска беше потврдена неговата смртна казна

12/03/2023

AA

Иранското правосудство во неделата ја потврди смртната казна на шведско-ирански дисидент за „тероризам“, две години по неговото исчезнување на аеродром во Турција, објави официјалната веб-страница Мизан онлајн. Хабиб Шаб е во Иран од октомври 2020 година, кога исчезна за време на посетата на Турција и му се судеше во Техеран, кој не признава двојно државјанство.

Тој беше прогласен за виновен за корупција и за основање бунтовничка група и беше осуден на смрт на 6 декември. Во неделата беше објавено дека Врховниот суд на Иран ја потврдил пресудата. Мизан онлајн објави дека Врховниот суд ја потврдил смртната казна на Хабиб Фараџула Шаб за „формирање и водење на бунтовничка група наречена Харакат ал Нидал и за планирање и спроведување на бројни терористички операции во провинцијата Кузестан“.

Ова е само една во низата смртни казни во Иран

Иран ја обвини групата Харакат ал Нидал за „соработка со други терористички групи“, вклучително и во нападот во 2018 година на воената парада во Ахваз во југозападниот регион Кузестан, во кој властите велат дека убиле 25, а раниле речиси 250 луѓе.

Шаб е последниот во низата луѓе осудени на смрт во Иран. Минатата недела, судот во Ахваз осуди шест мажи на смрт за нападот и „спроведување на наредбите на нивните европски лидери“. Тие беа прогласени за виновни за „вооружени операции“ меѓу 2017 и 2019 година во кои загинаа четири лица, вклучително и еден војник и двајца членови на иранската паравоена единица Басиџ, се вели во извештајот.

Исламската Република Иран секоја година погубува повеќе луѓе од која било друга нација, со исклучок на Кина. Ова се податоци од различни групи за одбрана на човековите права, меѓу кои и Амнести интернешенел. Минатиот месец, иранското правосудство егзекутира курдски милитант осуден за убиство на полицаец. Овој чин го осудија групите за одбрана на човековите права со образложение дека го сметаат за политички затвореник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy