Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркираното порше во Дебар Маало
Магазин

Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркираното порше во Дебар Маало

08/04/2025

AA

На двајцата полициски службеници, кои работат во Одделението за лично обезбедување на Претседателот и кои спречуваа нивни колега и пајак служба на Општина Центар да подигнат неправилно паркирано возило во Дебар Маало им се закануваат дисциплински постапки.

Како што информирааат од Министерството за внатрешни работи, со полициските службеници Т.Д. и И.С., кои вечерта кога граѓани повикаа пајак служба за да отстраи возило кое со часови блокира велосипедска патека, тврделе дека тоа е полициско возило и инсистирале да не се подигнува, е извршен службен разговор и е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина, заради што ќе биде поднесен предлог за утврдување на нивната дисциплинска одговорност.

Од МВР велат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ја прегледал видео снимката направена од граѓани, која кружи на социјалните мрежи и на која се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник С.Н дојден со пајак на ПОЦ да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

„На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на пајак возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено. Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото“, информираат од МВР.

Таму било констатирано дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје, а сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy