ДИРЕКТОРСКИ ПРОМЕНИ ВО „ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ – Цветаноска поднела оставка, ќе се назначи вршител на должност
Директорски промени се случуваат во Лотарија на Македонија.
Компанијата преку Берзата извести дека Извршниот член на Одборот на директори
на Акционерско друштво за приредување игри на среќа и забавни игри ЛОТАРИЈА НА
МАКЕДОНИЈА Скопје, Јасмина Цветаноска поднела оставка од функцијата.
„Друштвото дополнително ќе извести за
назначување на Вршител на должност – Извршен член на Одборот
на директори со мандат до одржување на Годишно собрание на акционери“, се вели во известувањето кое го испраи компанијата до берзата.