Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот на ТИРЗ Деспотовски на средби со Зафировски, Мојсовска Блажевски, Мукаетов и Мизо
Економија

Директорот на ТИРЗ Деспотовски на средби со Зафировски, Мојсовска Блажевски, Мукаетов и Мизо

25/04/2023

AA

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска оствари средба со еден од основачите на меѓународната невладина организација Македонија 2025, Мајк Зафировски, претседател на Заф групацијата, и членовите на бордот Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на МК2025, Живко Мукаетов извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид и Виктор Мизо, директор на Костал Македонија.

– Целта на средбата беше унапредување на соработка во делот на поттикнување и привлекување странски инвестиции во земјава и мобилизација на поддршката од етаблираните членови на организацијата во глобални бизнис рамки. На средбата се разговараше за конкретни можности за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности – соопштија од Дирекција за ТИРЗ.

Деспотовски им се заблагодарил за досегашниот придонес на Македонија 2025 за поддршката и промоцијата на земјата како инвестициска дестинација. Директорот на ТИРЗ, меѓу другото го презентирал и новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за странски инвеститори со фокус на напредни технологии. Тој нагласил дека предноста на Македонија како мала земја е тоа што поблиску се фокусира на реалните потреби на инвеститорите и креира соодветна поддршка.

Зафировски истакнал дека како организација се генерално подготвени да помогнат, како и дека е важно да имаме силни домашни компании, но и странски инвестиции и јасна визија за раст како главен приоритет.

Главна мисија на меѓународната невладина организација Македонија 2025, е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy