Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет дена од чешмите тече темнокафеава и заматена вода
Македонија

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет дена од чешмите тече темнокафеава и заматена вода

12/02/2026

AA

Петти ден по ред водата од градскиот водовод во Струга е забранета за употреба, откако од чешмите почна да тече темнокафеава и заматена вода. Поради сериозноста на состојбата, директорот на ЈП „Водовод“ Струга, Меџијаит Јусуфоски, денеска поднесе оставка од морални причини.

„Се работи за голема катастрофа, еколошка катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи, деца, градинки. Јас сум во фирмата 43 години, не се памети вакво заматување на водата. Водата била бистра, чиста. Сме имале во минатото и проблеми, но тие се решиле. Сега ги информирав и замолив сите институции, но моите надлежности како в.д. директор се до тука. Во истиот момент јас давам оставка”, вели Јусуфоски.

Тој информира дека веднаш биле известени сите надлежни институции за да се утврдат причините за загадувањето, по што е издадено официјално известување дека водата не е исправна за користење.

Според првичните анализи на Центарот за јавно здравје, заматеноста на водата е дури 30 пати над дозволеното ниво. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

„Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат флаширана вода или, во краен случај, да користат езерска вода за одржување хигиена“, изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

Полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство вршат увид кај изворот Шум, кој е главен извор за водоснабдување на градот, и работат на утврдување на причините за загадувањето.

Од СВР Охрид информираат дека досега не е добиена официјална пријава од надлежното јавно претпријатие во Струга за загадување на изворите во селото Шум, но дека се преземаат мерки.

„До овој момент, во ОВР Струга не е добиена официјална пријава од надлежно јавно претпријатие во Струга за водоснабдување за загаденост на изворите за вода лоцирани во струшкото село Шум. ОВР Струга, во содејство со повеќе надлежни институции презема интензивни мерки со цел откривање на причините за загаденоста на водата и откривање на сторители на кривични дела. По завршување на сите мерки и активности, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство ќе достави соодветен поднесок“, велат од СВР Охрид.

Во меѓувреме, граѓаните реагираат дека се принудени да купуваат флаширана вода, што дополнително ги оптоварува домашните буџети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy