
Директорот на „Гугл“ во 2022 добил плата и бонуси од 226 милиони долари
Главниот раководител на „Гугл“, Сундар Пичај, остварил вкупно 226 милиони долари приходи како плата и бонуси во 2022 година.
Извршниот директор на „Алфабет“ – матичната компанија на „Гугл“ има 800 пати поголема заработка од просечен вработен во компанијата.
Во извештајот што компанијата го доставила до регулаторот стои дека неговата годинша плата инаку е два милиони евра.
Тој за минатогодишната работа бил награден со 218 милиони долари, а пакетот бонуси вклучува и скоро шест милиони долари за лично обезбедување.
