
Директорот на „Дрисла“ и дел од вработените повикани на информативен разговор во полиција!
Директорот на јавното претпријатие „Дрисла“, Самир Хусени, заедно со неколку вработени, биле повикани на информативен разговор во СВР Скопје.
Според првичните информации, повикувањето е поврзано со последните настани и честите пожари на депонијата, кои предизвикуваа згрижувања кај јавноста и алармираа за загадувањето на воздухот во главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали околу причините за разговорите и дали тие се дел од поширока истрага.
Јавноста со нетрпение очекува повеќе информации, имајќи предвид дека депонијата „Дрисла“ веќе подолго време е една од најчесто споменуваните точки кога станува збор за загадувањето и еколошките проблеми во Скопје.
